| четврток, 6 декември 2018 |

Се прават процени – најголем дел од штетите во земјоделството се 100 проценти

????????????????????????????????????

Тринаесет комисии на Министерството за земјоделство за процена на штетите во поплавените региони во Скопје и во Тетово веќе работат на терен. Првичните податоци покажуваат дека на поголемиот дел од нивите зафатени со невремето има 100-процентно оштетување.

Комисиите на Министерството за земјоделство, распоредени седум во скопскиот и четири во тетовскиот регион, веќе вршат процени за штети на земјоделските површини и кај добитокот. Тие со помош на локалното население ги посетуваат земјоделските стопанства од нива до нива, и вршат процени во текот на целиот ден, додека дозволуваат временските услови, а ќе работат и за време на викендите.

Земјоделците можат и самостојно да поднесат барање за процена во подрачната единица на Министерството. Од досегашниот увид, најголемиот дел од штетите се 100 проценти.

Отштетата во земјоделството ќе се врши преку платежната агенција.

Според земјоделскиот регистар во скопскиот регион од кој дел беше погоден со невремето, со оваа дејност вкупно се занимаваат повеќе од 2.000 евидентирани земјоделци, кои одгледуваат 5.000 глави крупен и ситен добиток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top