| четврток, 6 декември 2018 |

Удар против профитерите: Владата ги врати цените на одредени производи на ниво од 5 август

cizni hubo

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво што се применувало до 5 август 2016 година.

Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеја 2  од Законот за трговија, се однесува на пакувана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, а поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по  поплавите во скопскиот и во тетовскиот регион и зголемената употреба на производите.

Министерството за економија појаснува дека користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ја зголемија цената на пакуваната вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото што важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи.

– Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно – стои во соопштението.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top