Социјалните мрежи се повеќе се во мода и се користат од државните и меѓународните институции за промовирање на нивните ставови за да им се приближат на граѓаните, но понекогаш лошото менаџирање со официјалните профили на организациите носат сосема спротивен ефект. Така, Обединетите нации се посрамотија во јавноста откако беше откриено дека нивниот твитер профил покрај разни шефови на држави и сериозни организации, ги следи активностите и на раскошна порно актерка.
Профилот на германската порно актерка Пенелопа Блак Дајмонд која важи за жена со најголеми гради во Европа, е откриен меѓу 537-те твитер корисници кои ги следи мисијата на ОН. Откако веста ја објави порталот Фри Републик, ОН веднаш престана да го следи профилот на порно ѕвездата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



