Во самиот процес на вљубување нема многу романтика, бидејќи се работи за хемиска реакција во мозокот и се случува побрзо од што можеме да претпоставиме.
Во едно истражување од 2010 година, спроведено на Универзитетот Сиракуза, експертите откриле дека ни е потребно една петтина од секундата за да се заљубиме. Толку време му е потребно на нашиот мозок за да почне да ги лачи хемикалиите кои произведуваат еуфорија, како што се окситоцин, допамин и адреналин.
Овие „хормони на среќата” се одговорни за тоа што се чувствуваме добро, а почнуваат да се лачат во дури 12 различни делови од мозокот и да работат заедно за да ни дадат чувство на задоволство и еуфорија, како и оние познати „пеперутки во стомакот” кои ги имаме кога ќе се вљубиме. Па дури, љубовта делува како некој вид на дрога, затоа што почетното чувство кое го имаме кога ќе се заљубиме е сличено на она кое го произведува кокаинот, бидејќи ги активира истите центри во мозокот одговорни за тоа да се чувствуваме еуфорично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.