| четврток, 6 декември 2018 |

Колку пати во животот може да се вљубите?

Многумина мислат дека првата сериозна љубов е единствено вистинска. Но, експертите наведуваат дека во реалноста тоа е поинаку. Ако себе си дадате шанси, можно е да се доживеат и повеќе од една судбинска романса и да се сретнете „сродната душа“ во различни животни периоди.

ljubov

Истражувањата покажуваат дека три четвртини од луѓето веруваат во вистинска љубов, а само пет отсто од жените и мажите никогаш не ја почувствувале оваа емоција.

Половина од жените во текот на нивниот живот искрено и длабоко сакаат само еднаш, а мажите за разлика од жените полесно го поклонуваат нивното срце. Дури 51 отсто од нив се вљубиле петпати во животот, додека 39 отсто од припадниците на „посилниот пол“ имале само една љубов.

Голем број од учесниците во најновите истражувања сметаат дека врската станува навистина сериозна од оној момент кога партнерот или партнерката конечно се запознале со нивните родители. Сепак, за многумина се „волшебни“ зборовите „те сакам“, клучен доказа дека тоа е „тоа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top