Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во четвртокот дека наредил на сите свои воени единици во близина на Крим и во источниот дел Донбас да бидат во состојба на највисока приправност откако Русија во средата го обвини Киев за упад во Крим.
Рускиот претседател Владимир Путин во средата го обвини Киев дека користи терористички тактики за да испровоцира нов судир и да го дестабилизира Крим. Украина ги отфрла тие обвинувања нарекувајќи ги циничен изговор за нови воени закани на Украина.
Портпаролот на војската на Украина изјави дека Украина од средата одржува испланирани воени вежби во јужна Украина.
Москва во средата објави дека спречила една група вооружени саботери кои по подводен пат сакале да влезат во Крим.
Рускиот весник „Комерсант“ цитираа изјава на анонимен извор од безбедносните сили дека групата планирала напад на Крим за да ја уништи тамошната туристичка индустрија.
Изворите додаваат дека двајца од седумте саботери се убиени, а другите се притворени. Повеќето од нив биле жители на Крим, а некои имале и руски пасоши. Наводно планирале низа бомбашки напади на туристички точки на Крим. Целта им била да рашират паника, а не да убијат некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.