| четврток, 6 декември 2018 |

Боксер на Намибија уапсен поради сексуален напад во Рио

djonas dzunius

Џонас Џуниус, боксерот од Намибија е уапсен за сексуален напад на една собарка во Олимпиското село, објавија бразилските медиуми.

22-годишниот боксер во лесна-велтер категорија го носеше намибиското знаме на Свеченото отварање, но сега е во затворот Бангу во Рио де Жанеиро. Тој требаше да боксува со Французинот Хасан Амзиле во четвртокот во 1/16 финалето.

Намибиецот е втор боксер кој е уапсен за силување по Мароканецот Хасан Сада во петокот. Тој доби 15-дневен притвор додека трае истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top