| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Грција и во јуни ќе ја блокира Македонија

Претседателот на комисијата за надворешна политика во собранието, Антонио Милошоски смета дека Македонија и во јуни нема да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Милошоски денеска на неговиот твитер профил објави дека и овој пат Грција ќе успее да го блокира напредокот на Македонија.

milososki tviter

„Во јуни ЕУ повторно ќе ја одложи одлуката за пристапни преговори на Македонија за на декемврискиот совет. Причината е блокирањето на Грција.“ напиша Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top