| четврток, 6 декември 2018 |

По скокот во смрт, Дрина го носела телото на несреќниот Беуц 15 километри

bauc3

Телото на настраданиот Словенец Андреј Беуц (34) е пронајдено по четри дена потрага дури 15 километри северно од Зворник на подрачјето на местото Козлук. Тој дел од Дрина се состои од многубројни речни завои и засеци.

bauc2

Засега сѐ уште трае идентификацијата на телото, но првично се верува дека станува збор за Беуц бидејќи телото е на маж во костим за капење.

bauc

За потсетување, Беуц исчезна на 7 август по скокот во Дрина во 16.50 часот. Тој по скокот од 20 метри од мостот „Крал Александар Први Караѓорѓевиќ“ испливал на површина, но потоа исчезнал во водите на Дрина за телото да биде пронајдено дури денеска по неколкудневна потрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top