Дел од администрацијата на Општина Аеродром и сезонските работници со сите средства и капацитети работат на санирање на последиците и на помагање на граѓаните од поплавените подрачја, кои претрпеа штета, соопштија од општината.
– На терен се ставени на располагање 10 пумпи за исцрпување вода, два багера-скипери, два камиона, еден гасеничар, две цистерни за исцрпување кал, три џипа, како и голем број колички, лопати и друг неопходен алат – се наведува во соопштението.
Од општината информираат дека во тек е и хуманитарната акција во основните училишта, каде што се отворени пунктови за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја од 8 до 22 часот секој ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови
-
Петиција за продолжување на проектот бесплатни училишни униформи за основците во Аеродром