Најтрофејниот ватерполо тренер Хрватот Ратко Рудиќ со 36 освени одличја, продолжува да доминира во овој спорт. По бројните медали, титули, пехари со репрезентациите кои ги водеше во досегашната негова кариера, на овие Олимписки игри во Рио е селектор на домаќинот Бразил.
„Кариоките“ играат како препородени под водство на Рудиќ и во досегашните три натпревари остварија истотолку победи. Во последниот меч Бразил ја победи Србија со 6-5 (0-2, 3-1, 2-0, 1-2) во натпреварот од 3.коло во групата А и ги остави светските шампиони на само два бода пред последните две кола од групната фаза. Бразилците пак ја продолжија фантастичната серија со три победи по ред.
Србите по првата четвртина водеа со 2-0, но во следните две четвртини Бразил направи серија од 5-1. На три и пол минути пред крај, Србија изедначи на 5-5, но Гимараеш на 46 секунди пред крај реализира петерец и му донесе победа на Баразли со конечните 6-5.
По оваа трета победа по ред, Бразил е на водечката позиција во групата со максимални шест бода, Грција има четири, Унгарија и Австралија се со по три, Србија е претпоследна со само два бода, а на дното е Јапонија без бодови.
Резултати, 3.коло, група А: Бразил – Србија 6-5, Грција – Унгарија 8-8, Австрија – Јапонија 8-6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.