
Човечки жртви, уништени домови и огромни материјални штети се заедничката слика за поплавите што последниве години добиваат размери на огромни природни катастрофи како последица на искучителни обилните дождови. Во Скопје невремето во саботата навечер за нешто повеќе од три часа донесе дури 93 литри дожд на квадратен метар со тоа што мерната единица е од Зајчев Рид, а се претпоставува дека во реонот на Стајковци имало многу повеќе врнежи, анализира весникот Дневник.
Иако Обреновац со трагичните слики ќе остане запаметен како симбол на стравотно поплавената Србија од пред две години, бројките покажуваат дека за пет дена – од 13 до 18 мај, од кои во првите три беснееше циклонот „Тамара“ најмногу дожд наврнало во друг град од нејзината западна граница – во Лозница каде што биле измерени 222 литра врнежи на квадратен метар. Значи за време од пет дена, но врз земја која од претходните врнежи и циклон била веќе прилично натопена и без можност да прими поголемо количество вода. Најмногу дожд паднало на 14 мај помеѓу осум часот наутро и 20 часот вечерта, кога наврнале 60 литри на м2.
При јунските поплави во Западна Европа, во Белгија за еден викенд паднале пет инчи или околу 127 литри вода на м2. Станува збор за поплавите од 30 мај до 2 јуни година кога настрадаа и Франција и Германија.
Иако секоја од овие катастрофи има свои посебни карактеристики и причини, заедничко им е дека не сите им претходеле исклучително влажни периоди со кои врнежите значително ги надминале просечните вредности за тој период од годината. Kолку метеофеноменот познат како „омега блок“ бил пресуден за поплавите во Западна Европа, а што точно се случило на небото над Скопје и дождовната бомба најверојатно допрва ќе се анализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


