| четврток, 6 декември 2018 |

Париз – „Дизниленд“ евакуиран поради сомнителен пакет

diznilend

Забавниот парк „Дизниленд“ во Париз денес бил евакуиран поради сомнителен пакет, кој бил пронајден во близина на автобуската станица пред паркот. Очевидци сведочат дека во „Дизниленд“ веднаш пристигнале многубројни полициски екипи и припадници на војската. Повеќе информации за тоа што е пронајдено и дали е спречен нов терористички напад, засега нема.

Инаку, во Франција е на сила висок степен на внимателност по многубројните терористички напади, кои се случија во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top