| четврток, 6 декември 2018 |

Мистеријата е решена – Конечно објаснување зошто позелени водата во олимпискиот базен во Рио

zelen bazen

Откриено е зошто позелени водата во Олимпискиот базен во Рио, a како што покажале анализите, за тоа се криви алгите.

Портпаролот на Олимписките игри во Бразил, Марио Андрар изјавил дека во него се создале идеални усови за развој на алги, а тоа се топлина и недостиг на ветер.

Примерок од водата од олимпискиот базен бил пратен на анализа по што било откриено дека не се работи за ништо опасно туку за алги кои се рашириле брзо во базенот и водата ја направиле зелена. Сепак, и покрај тоа што резултатите покажале дека водата не е опасна, сите натпреварувачи не ја добиле на време таа информација, па биле присилени да скокнат во водата со сомнителна боја.

Двете Канаѓанки, Меган Бенфието и Роселин Филон кои рипнале во зелениот базен, изјавиле дека и покрај тоа што биле збунети, се прилагодиле на ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top