Девет луѓе загинаа, а десетици се повредени во две експлозии на бомби во југоисточна Турција. Во центарот на Дијарбекир експлодирал автомобил-бомба при што загинаа пет лица, а 13 се повредени.
Речиси во исто време имало експлозија и пред болница во Кзлтепе при што загинаа четири лица, а 10 полицајци и 30 цивили се повредени. Цел на нападот биле полицајците стационирани во близина на болницата. Турските безбедносни служби тврдат дека двата напада биле изведени од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и оти биле координирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.