Како се одвивала кобната ноќ во брзата помош? Колку лица побарале помош вечерта, колку подоцна? На овие теми во отвореното студио на ТВ Нова зборуваше Доктор Василаки Карабашев, шеф на брзата помош.
– Кобната ноќ бев сведок на немилата несреќа. Им излеговме во пресрет на граѓаните кои побараа помош, меѓутоа кога ќе стигневме сообраќајот беше блокиран од безбедносни причини. Мобилизиравме уште 5 екипи, вкупно 14. Добивавме инструкции, но интервениравме до каде што можеа да се движат нашите екипи, раскажува Карабашев.
Тој додaва дека брзата помош потоа делувала заедно екипа со теренски возила од армија за да стигне до непристапни места.
– Брзата помош боса одеше до оние куќи кои побараа помош. Целата координација беше под Министерството за здравство. Од 6-ти август по 20 часот, до денеска интервениравме кај 234 лица, на лице место – 159. На останатите им вршевме транспорт до Ургентен, Градска болница, 8-ми септемри… Следната ноќ состојбата се подобруваше, но се појавија проблеми на стари и изнемоштени лица за кои направивме мобилни и стационарни амбуланти, раскажува Карабашев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.