| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина со донација од 1 000 евра за настраданите во поплавите

karolina

По страшното невреме кое го зафати Скопје во саботата, многумина несебично се активираа за да помогнат во најпогодените реони во скопско. Така, и лицата од јавниот живот се приклучија на оваа иницијатива, а од Аволон Продукција денес соопштија дека македонската пејачка Каролина Гочева донираше 60 000 денари за настраданите семејства. Во прилог, еве ја и нејзината изјава:

– Нема зборови со кои може да се искаже сочувство до семејствата кои изгубија свои блиски во поплавата која му се случи на Скопје. Тоа со ништо не може да се надомести. Сепак, сега е време кога треба да сме единствени и секој треба да помогне колку што може и како што може за да им помогне на настраданите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top