Македонските уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) вчеравечер собраа околу три илјади евра финансиски средства од продажбата за помош за поплавените од скопско.
Вкупно 80 уметници донираа свои дела, а собраните средства ќе бидат префрлени за потребите на лицата што ги изгубија своите домови во невремето.
Хуманитарната изложба се одржа во арт-кафулето „Концепт 37“, а настанот предизвика голема заинтересираност.
Од продажбата на делата се собраа вкупно 178.425 денари или 2.925 евра. Делата што не беа вчера продадени, остануваат во продажба во „Концепт 37“ и денеска.
Учестуваа Владимир Лукаш, кој воедно беше и иницијатор за хуманиот потег, потоа Атанас Ботев, Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Лилика Стрезоска, Биби Клечакоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Ем Елефантски, Ана Петровска, Алма Идризи, Кристина Божурска, Александра Зиновски-Вилиќ, Викторија Попоска, Маја Кировска, Дафина Џепароска, Билјана Бинчев, Снежана Мелник, Жани Гелевска, Јана Ацевска, Руки Чуки, Нита Муча, Леа Варошанец, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Бапси Чулкин, Мелани Дигит, Симонида Филипова Китановска, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов – Дете, Лидија Георгиева и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!