Во огромниот број венчаници од илјадници дизајнери во светот, еден фустан се издвојува како многу популарен.
Фустанот „Hollie“ од брендот Grace Loves Lace е изборот на многу идни невести. Креацијата во бохо стил им го фати окото на 2,5 милиони кориснички на Pinterest. Австралискиот бренд објави дека неделно има по околу 500 заинтересирани дами конкретно за овој модел. Моментално фустанот е распродаден.
Поради огромниот интерес, беше создаден и моделот „Hollie 2.0“, кој е многу сличен на оригиналниот фустан, но има мали модификации. Новата верзија на венчаницата чини 1.650 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.