| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа се случи: Германско семејство бара азил во Русија

Семејство од Германија отпатувало во Русија каде што побарало азил, инсистирајќи на тоа дека нивната татковина веќе не е сигурна поради огромниот прилив на мигранти.

Карола Гризбах (51) и нејзиниот сопруг Андре (45) поминале повеќе од 2.000 километри од Северна Германија до московскиот Црвен плоштад за да побегнат од „германската диктатура“.

Нивните две ќерки Доминик и Јулија и нивните четири деца исто така биле во комбето.

Но, руската влада го одбила барањето за азил, бидејќи ја смета Германија за сигурна земја.

– Ние веќе не ја чувстуваме Германија како сигурно место за нас, ниту пак за нашите деца. Кога во декември 2015 година ја напуштивме Германија, ништо не се организираме. Добивме само туристички визи и можевме да влеземе во земјата. Не извадивме работни визи – објаснува Андре.

Откако се во Москва, германското семејство има поддршка од добрата волја на домаќините и правите технички работи кои им дозволуваат да останат во Русија.

– Сакаме да останеме овде и да најдеме работа. Не сме заинтересирани да живееме од социјална помош. Многу ни понудија работа. Би можел да работам како преведувач или учител по германски – вели Андре.

Нивните финансиски залихи полека се топат.

– Не ни останаа уште многу пари. Имаме помош од мештаните. Русите се многу љубезни. Ваква помош сигурно нема да добиеме во Германија, бидејќи таму се многу посебични. Луѓето веруваат дека Германија е демократска земја, ама не е. Морално е многу пропадната, а руското општество е подобро – смета Андре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top