| четврток, 6 декември 2018 |

Трка по недвижнини во Грција: Србите ги дигнаа цените за 40 проценти

grcija solun

Освен куќи и апартмани, Србите, најмногу гастербајтерите и побогатите, на Халкидики и во Солун купуваат и хотели, пишува српски Курир.рс.

Заради се поголемата побарувачка на квалитетни недвижнини од Србите, во Грција цените на становите рипнаа за 40 проценти. Освен куќи и апартмани, Србите, најмногу гастербајтерите и побогатите, на Халкидики и во Солун купуваат и хотели, пишува српски Курир.рс. Дел од нив до сега имаат купено по неколку недвижности, велат од агенциите за медиумот.

-Побарувачката е поголема за 30 проценти во однос на лани, а има и тѕакви кои купуваат втор или трет стан, или продаваат еден за да купат поголем. Најмногу се бараат недвижнини во Солун и на Халкидики. На Касандра најценети се Полихроно, Ханиоти и Пефкохори. Проблемот е што има се помалку понуди па цената, се качи за 40 проценти. Тоа што лани чинеше 16.000 евра сега се продава за 25-30.000 евра- се пренесува изјава од агент за недвижнини.

Српските медиуми нагласуваат дека за 75.000 евра на пример може да се купи стан во Переа, Солун, од 120 квадрати, додека споредено за тие пари во Србија чини 90 квадрати на периферија во Ниш.

-Се повеќе се бараат хотели, а има и такви кои сакаат да отворат кафетерии или продавници, но тоа е комплицирано, бидејќи потребна е гаранција од 65.000 евра за оние кои не се жители на ЕУ- наведуваат од агенциите.

Медиумот ги наведува цените во Грција.

get_image_variation

Сепак, се додава дека не треба да се избрзува.

-Тоа што навистина е вредно чини многу, исто како и секаде. Луѓето се брзаат и вложуваат во нешто што не е проверено. Ваквото купување не е исплатливо за луѓе кои работат и во Грција престојуваат најмногу два пати во годината- анализираат агенциите за недвижнини од Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top