| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивно: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?

AndrejZernovski
Додека премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прекинаа одморите и заминаа на терен меѓу граѓаните од поплавените подрачја во Скопје да ги слушаат барањата и потребите на граѓаните, експресно одговарајќи и солидаризирајќи се со нив, некој сеуште се одмарал или одмара под некоја палма.
zernovski

Загрижени и револтирани граѓани испратија фотографии, за да се дознае вистината за лажниот патриотизам и лажната грижа за граѓаните на Скопје.
Доцна синоќа околу 2 часот по полноќ, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, слетал на аеродромот “Александар Велики” во Скопје, враќајќи се од Барселона, дознаваме од очевидци.
Додека сите градоначалници и директори на јавни претпријатија ја мобилизираат целата механизација на општините, регрутираат човечки ресурси и се што е потребно за расчистување на теренот од поплавите во Скопје, градоначалникот на Центар кој повеќе време поминува во странство, синоќа се врати во Република Македонија и веројатно не знае дека Скопје го погоди катастрофално невреме.
Ова е уште еден доказ дека опозиционерите кои деновиве се најгласни по социјалните мрежи, обвинувајќи се и сешто и служејќи се со валкан речник, се познати само по парадерство, а не по работливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top