Алкалоид АД Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од природната катастрофа која се случи на подрачјето на градот Скопје на 6 август 2016 година.
Како свој придонес во санирањето на штетите настанати од поплавите во критичните подрачја, компанијата веќе донираше медицински средства, средства за хигиена, средства за чистење и дезинфекција како и бебешки пелени.
Првиот контингент е дистрибуиран до организацијата на Црвениот Крст на град Скопје, а Управниот Одбор на компанијата е во постојана комуникација со надлежните од оваа организација за испорака на следните контингенти согласно конкретните потребни на населението од погодените подрачја.
Следејќи ги своите определби за општествена одговорност, Алкалоид АД Скопје со свои донации доставени до регионалните претставништва на организацијата на Црвениот Крст помогна и при природните катастрофи кои во изминатите неколку години ги зафатија Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи