| четврток, 6 декември 2018 |

Николоска елиминирана во Рио со казнен поен

nikoloska

Македонската џудистка Катерина Николоска експресно го заврши својот настап на ОИ во Рио де Жанеиро, откако попладнево во својата прва борба загуби од Бусра Катипоглу од Турција.

Николоска се покажа во солидно светло, беше сосема достоен ривал за Турчинката, но го загуби дуелот дури по продолжение, и тоа со „казнен поен“.

Имено, при резултат 1-1 (и двете натпреварувачки добија по еден казнет поен), победникот мораше да биде решен во дополнителен период. Во него судиите досудија уште еден казнен поен за Македонката, поради „погрешен напад“, што значеше и елиминација на Николоска на овие Олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top