| четврток, 6 декември 2018 |

Го ослободиле од војската поради слаб вид, а тој освои златен медал во стрелачка дисциплина

Josip-640x361

Освојувачот на првиот златен медал за Хрватска на олимписките игри во Рио, Јосип Гласановиќ ја израдува својата нација со тој успех, но и привлече внимание со еден навистина интересен детал.

Гласановиќ од 2015 година е вработен во хрватската војска, а работата ја добил преку договор со Хрватскиот олимписки комитет, иако претходно откако се јавил за служење на воен рок, бил ослободен поради проблем со видот, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој, имено, на 17 години го повредил десното око, токму тоа око со кое центрира и со кое освои злато во стреалање Деодоро во Рио, и добил диоптрија плус 1,75.

Гласановиќ освои медал за Хрватска во дисциплината трап, односно пукање во глинени гулаби.

И на минатите Олимписки игри во Лондон, златниот медал во истата дисциплина ја освои исто така натпреварувач од Хрватска, Џовани Черногорац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top