| четврток, 6 декември 2018 |

И Бесими на туристичка прошетка во Атина

ДУИ продолжува со своите туристичко – дипломатски активности во кои името се споменува како тема за која се разговара

 

Вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, утре во Атина на негово барање оди на средба со грчкиот министер за надворешни работи. Како што пренесува „Канал 5“ од Атина, двајцата министри, кои предходно се сретнале и како први луѓе на одбраната на двете земји, ќе разговараат за европската  агенда во регионот.

Нема прецизни информации за што конкретно ќе разговараат двајцата министри. Според весниците „Вима“ и „Етнос“, кои цитираат дипломатски извори, грчката страна „разговара со секој што е расположен за соработка“.

Весникот „Вима“ пишува дека Атина бара соговорници за да се излезе од моменталниот ќор-сокак,но и дека Албанците во Македонија силно ја поддржуваат евроатлантската перспектива на земјата. Според весникот „Етнос“,  ДУИ го притиска Груевски да се затвори прашањето за името.

Останува енигма што е агендата на Бесими во Атина особено што ниту членовите на неговито кабинет ни неговите сопартијци не веруваат дека некој сериозно ќе го сфати неговото патување.

Предходно Теута Арифи се сретна со тогашниот министер Пангалос. Резултатот од двете средби е само пропаднат обид на ДУИ пред своите гласачи да изглуми дека притиска во спорот за името и се залага за решение на спорот за името иако раководството на ДУИ одлично ги знае позициите на Грција, која не сака да направи никаков компромис во спорот за името.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top