| четврток, 6 декември 2018 |

Храбриот Ведран цели три часа се борел со студената вода пред да го пронајде својот татко

nevremeskopje3

Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето што многумина денес го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко.

Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од годишен одмор кога страшното невреме ги затекло кај обиколницата во Скопје. За жал, во големата трагедија во саботата животот го загубија неговата мајка Марина Велиновска и неговиот помал брат, шестгодишниот Јован.

Таткото, кој е професионален пожарникар, и храбриот Ведран по неколкучасовна борба со водената стихија успеале да ја избегнат кобната судбина.

vedran

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top