| четврток, 6 декември 2018 |

Пороен дожд ја потопи Битола

dozd veter

Битола пред дваесетина минути ја зафати големо невреме проследено со ветар, дожд, грмотевици и град со големи на лешник, јави Нова Македонија.

Поради силниот дожд улиците беа прекриени со вода, а отежната беше движењето на возила, а за ретки беа пешаците кои се осмелија да се движат по силниот дожд.

Иако беше се обилни врнежите засега нема јавувања за поголеми проблеми.

Дождот се уште врне обилно, а улиците наеднаш се испразнија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top