| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Oтфрламе секакво поврзување со некакви системи ХАРП

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги отфрла сите индиции дека тие во каква било изјава, од кој било нивни претставник, на кое било ниво во нашата историја го третирале таканаречениот систем ХАРП.
– Управата како основна дејност ги има следењето на геофизичките појави на природата и временските состојби, прибирањето на податоци и давањето прогноза (проекција што би можело да се случи). Секакво поврзување со некакви системи ХАРП со индигнација го отфрламе!  Управата работи со начелата на Светската mетеоролошка oрганизација, чија[to полноправна членка сме – се вели во соопштението на УХМР, кое го потпишува директорот Оливер Ромевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top