| четврток, 6 декември 2018 |

Нови информации од УХМР: Посвежо време, проследено со врнежи и грмежи

Во текот на денешниот ден времето во Македонија беше претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура се движеше од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени

Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

УХМР најавува големо заладување уште од утре. Вакво заладување УХМР најавува неколку денови наназад, а започнува уште од денеска, кога попладне се очекуваат повремени врнежи.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top