
Започна асфалтирањето на првата делница на регионалниот пат Делчево – Голак во должина од околу 3 км, делницата од зградите на АРМ на врвот Чавка до шумските згради.
Од Општина Делчево информираат дека асфалтирањето на оваа делница ќе заврши до крајот на неделата по што ќе следува асфалтирањето на останатите 7 км. Претходниот период на оваа делница активно се работело на подготовка на теренот со проширување на коловозот, негово чистење, поставување пропусти за атмосферска вода, а во моментов се работи и на гребење на стариот асфалт од игралиштето кај шумските згради кон Делчево со што се подготвува и оваа делница за асфалтирање, информираат од Општината.
Вредноста на градежните работи изнeсува 1, 3 милиони евра, а средствата се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта на Р.Македонија. Компанија изведувач на градежните работи е Ескаватори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


