Градот Белград денеска упати тим од седум луѓе, две специјални возила и две пумпи во Скопје за што побрзо санирање на последиците од поплавите кои го зафатија скопскиот регион, изјави директорот на „Беоком сервисот“, Дарко Главаш.
-Белград сочувствува со народот на Македонија – рече Главаш и потсети дека и Србија ја погоди вакво невреме и дека е човечки да се помогне, соопштуваат од белградската управа.
Главаш посочи дека ЈКП „Белградски водовод и канализација“ го испратило своето најголемо возило за одзатнување фекалии, сливнички врски и за собирање содржини од канализациии и од подруми. ЈКП „Градска чистота“ голема фекална цистерна која ќе помага во чистењето на кал, а ЈП „Белград води“ две пумпи со голем капацитет од 2.000 литри во минута кои ќе помогнат за испразнување на вода од канализациската мрежа, од водоводните и канализациските системи и од индвидуални куќи. Според него, планирано е екипите во Македонија да останат седум до 10 дена, а доколку Владата на Македонија и Градот Скопје одлучат дека помошта им е неопходна подолго време, таа ќе остане колку што е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот