Дел од новите 1.000 пумпи за вода кои се набавија за побрзо да му се помогне на поплавеното население утринава пристигнаа. На терен во скопско Инџиково се наоѓа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој информираше дека припадниците на АРМ ќе започнат со дистрибуција на пумпите. Освен во Инџиково, пумпи ќе се достават до сите поплавени населби кои имаат потреба од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.