| четврток, 6 декември 2018 |

За еден месец Покемон Гоу заработи 200 милиони долари

pokemon-go-list1-1200x682

Играта Покемон Гоу не само што стана хит меѓу ловците на виртуелни суштества, но веќе и заработи големи парични добивки. Растот во приходите од играта се зголемиле значително по 22 јули, а од неа се заработени вкупно 200 милиони долари само за еден месец.

За споредба Клаш Ројал, уште една популарна игра, на сопствениците им донесе помалку од 125 милиони долари за првите 30 дена од нејзиното лансирање во март. Покемон Гоу за најкусо време достигна 10 милиони симнувања на глобално ниво, а љубителите во просек поминуваат по 26 минути на ден во прогон и лов на покемони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top