Концертот на Македонската филхармонија што требаше да се одржи на Античкиот театар во рамки на Свечената академија на МАНУ по повод 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски наместо вчера, ќе се одржи денеска, 9 август, во Големата сала на Центарот за култура „Глигор Прличев“ со почеток од 13 часот, соопшти Управата на Фестивалот „Охридско лето“.
Одложувањето на коцнертот беше поради трагичните настани со човечки жртви во невремето што го зафати скопскиот регион и прогласениот Ден на жалост.
Истовремено, Националната установа Фестивал „Охридско лето“ изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите.
Инаку, во рамки на концертот заедно со Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на Борјан Цанев ќе настапат и нашите оперски уметници Ана и Игор Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.