Генералниот директор на косовската полиција Шпенд Маџуни во извештај до Одборот за внатрешни работи на косовското Собрание изјави дека полицијата на различни места во земјата успеала да спречи „терористички инциденти“.
-Продолжуваме да преземаме конкретни мерки за да ги спречиме таквите инциденти- рече тој пред членовите на Одборот на чија седница за првпат по повеќе месеци учествуваа и претставници на Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, објави Косовапрес.
Според Маџуни, безбедностната ситуација на Косово е „мирна и стабилна“. Тој изјави дека косовската полиција постигнала напредок во борбата против трговијата со луѓе и економскиот криминал во земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода