| четврток, 6 декември 2018 |

ЈП Македонија пат: Состојбата ја следиме будно

мп

Поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, во прекин е сообраќајот по обиколница Скопје, од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистувањето и оспособувањето на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерски­информативен центар на ЈП Македонијапат.

Јавното претпријатие наведува дека негови екипи се постојано на терен со комплетна механизација (возила и градежни машини) и работат на оспособување на сите проблематични делници, а во некои случаи даваат помош и на некои локални самоуправи каде што имаат потреба од механизација, како што е патниот правец Шипковица – Бродец. ­

ЈП Македонијапат ја следи состојбата будно, реагира експресно на сите поставени задачи, а граѓаните можат да се обратат кај нас за подетални информации на нашиот дежурен тел. број 02/ 25 61 502 или да ја посетат нашата веб­страница www.makedonijapat.com.mk која се ажурира на секои два часа, информира претпријатието.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот. Автомотосојузот на Македонија, пак, вечерва информираше дека освен на обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај каде што е во прекин, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top