| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановски со нов државен рекорд достојно ја претстави Македонија на ОИ

плива пли

Македонската пливачка Анастасија Богдановски го исплива своето најдобро време и постави нов државен рекорд на 200 метри слободно во денешните квалификации на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Богдановски беше третопласираната во втората квалификациона група и исплива 2:00.52, што е време на нов државен рекорд и потврда на добро темпираната форма.

Резултатот на нашиот знаменосец на свеченото отворање е за 66 стотинки подобро постигнување од стариот рекорд. Сепак овој резултат нема да донесе пласман меѓу 16 најдохбри кои ќе пливаат во А и Б финалето на 200 метри слободно. Нејзиниот финален пласман е 33. место, најбрза беше Кети Ледецки од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top