| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Италија квалификациите за ОИ ги почнаа со победа

Стартуваа кошаркарските квалификации за Олимписките игри, Србија беше подобра од Порторико со 87-71, Италија убедливо со 68-41 го совлада Тунис.

Србија со победа над Порторико ги почна квалификациите. Клучна за триумфот на избраниците на Александар Ѓорѓевиќ беше втората четвртина која ја добија со 20:9.
Порторико беше доминантен во последниот период кој го доби со 30:18, но успеа само да се избори за пристоен пораз.
Италија славеше убедлив триумф над Тунис од 68:41, победа забележа и Грција над Иран од 78:53, a Литванија ја совлада Јапонија со 88:48.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top