Околу 30 до 40 куќи во населбата Лисиче кај Усјански канал беа поплавени во невремето што го зафати скопскиот регион викендов. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски попладнево беше во посета на настраданите.
Од градоначалникот на општина Аеродром, во чија надлежност спаѓа населба Лисиче, Ивица Конески беше информиран дека десет тима од општината излегле на терен и веќе извршиле проценка на штетите и наскоро ќе се започне со постапката за обештетување.
Во разговорите со граѓаните беше побарано да се асфалтира дел од патот којшто не е асфалтиран. Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски вети дека овој месец ќе се изврши тампонирање на патот кој треба да се асфалтира, а општина Аеродром веќе за еден месец треба да го асфалтира. Цистерни ангажирани од општина Аеродорм се на терен и им помагаат на локалното население за отстранување на последиците од невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.