| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени кај Катланово, возилото со српски регистарски таблички

Две лица се повредени во сообраќајката што се случила денеска во 14.10 часот на автопатот Скопје – Велес на 500 метри од исклучувањето за Катланово.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека се работи за возило со српски регистарски таблички, кое од засега непознати причини излетало од патот.

Двете повредени лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Полицискиот увид е во тек.

Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top