Најмалку 63 лица загинаа, а над 100 се повредени денеска при самоубиствен бомбашки напад пред влез на болница во пакистанскиот град Квета, изјави директорот на Градската болница, Абдул Рехман.
Тој нагласи дека повеќето загинати се адвокати, додавајќи дека во неговата болница се префрлени 92 повредени лица.
Експлозијата се случила веднаш откако во здравствената установа било донесено телото на истакнатиот адвокатот Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во Белуџистан, кој бил застрелан претходно во друг напад. Пред болницата се наоѓале голем број адвокати, кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега, како и новинарски екипи, меѓу кои, како што се претпоставува, бомбашот го активирал експлозивот.
Началникот на полицијата во провинцијата Белуџистан, Санулах Зери изјави дека постои можност експлозијата да ја предизвикал бомбаш-самоубиец, а истрагата се уште е во тек. Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот.
Исто така, се уште не е познато ниту кој го убил адвокатот, кој бил застрелан на пат кон судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Пакистан нареди затварање на фондацијата Џорџ Сорос
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)