Концертот на Артуро Сандовал кој синоќа за жал беше откажан поради невремето кое го зафати Охрид, е презакажан за недела 7. август 2016) и ќе се одржи во Домот на Културата во Охрид. Имено, бидејќи капацитетот на овој концертен простор е ограничен и помал во споредба со оној на Античкиот театар, во недела ќе се одржат два концерти, а по барање на публиката која само овој викенд и специјално за овој концерт е во Охрид, термините ќе бидат во доцните попладневни часови, објавија од „Охридско лето“.
Концертот од 17:00 часот ќе можат да го проследат оние кои имаат влезници за партер, блок Б и блок Д (по шемата на Антички театар).
Концертот од 19:00 часот ќе можат да го проследат оние кои имаат влезници за блок А и блок Ц (по шемата на Антички).
Сите оние кои веќе купиле влезници, а нема да бидат во можност да присуствуваат на еден од презакажаните концерти, ги известуваме дека од среда (10 август 2016) ќе можат да ги вратат своите билети и ќе им бидат рефундирани паричните средства. Деталите за местото и начинот на спроведување на рефундирањето, ќе бидат објавени дополнително.
За повеќе информации од понеделник ќе можете да се обратите и на телефонските броеви: 02/2775-430 во Скопје и 046/262-304 во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.