Управата за јавни приходи стави пломба на познатата скопска сендвичарница „Седмица“. Љубителите на вкусната скара од популарната „Седмица“ денеска наидоа на затворена врата и жолта лента на која стои – затворено од Управа за јавни приходи. Оние што не можат да живеат без калоричните сендвичи, ќе мора да прошетаат до скопската населба Аеродром.
Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, објектот ќе добие забрана за вршење на дејност во наредните 30 дена и глоба која може да достигне и до 3250 евра.
Фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство