| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот пливачки ден во „Акватик центарот“ во Рио донесе три светски рекорди

Унгарката Катинка Хозу, конечно, стана олимписка шампионка, додека Австралија освои два медали во супер-брзиот прв ден на Олимпијадата во Рио во кој паднаа три светски рекорди.

Хозу, петкратна светска шампионка, но без медал на трите претходни Олимпијади го сруши рекордот на 400 метри слободно за фантастични 2.07 секунди, за да победи со 4:26.36 пред Американката Медлин Дирадо (4:31.15) и Шпанката Миреја Белмонте Гарсија (4:32:39).

– Беше лудо што можев да испливам две секунди побргу од било кој друг во историјата. Тоа уште не можам да го сфатам – вели Унгарката која ќе плива и на 200 мешано, 200 пеперутка и 100 и 200 грбно во Рио.

avstralija plivanje zeni

Австралијките ја одбранија олимписката титула на 4х100 метри слободно со светски рекорд, откако сестрите Бронти и Кејт Кемпбел ги пливаа последните две смени за да ги поминат САД и покрај напорите на Кејти Ледецки. Во шампионскиот тим беа и Ема Мекион и Британи Елмсли. Времето од 3:30.65 беше подобро од нивниот претходен светски рекорд од 3:30.98 поставен во Глазгов во 2014 година.

– Ова е дефинитивно мојата омилена трка. Во олимписко финале со мојата сестра и две девојки кои ги знам од мојата 12-та година. Злато и светски рекорд – вели Кејт Кемпбел.

Мек Хортон победи на 400 метри слободно, со што Австралија веќе го удвои бројот на златни медали од Лондон 2012. Австралиецот го победи актуелниот шампион, Кинезот Сун Јанг и Италијанецот Габриеле Дети.

japonija plivanje

Јапонецот Косуке Хагино не дозволи САД да освои злато на првиот ден во базенот, триумфирајќи на 400 метри мешано пред Американецот Чејс Кализ. Ова е првпат од 1996 година, Американец да не освои злато во оваа дисицплина.

Третиот светски рекорд падна откако Британецот Адам Пити исплива 57.55 во квалификациите на 100 метри градно, подобрувајќи го својот рекорд од 57.92.

400 МЕТРИ МЕШАНО (Ж)

1.Катинка Хозу (Унг) 4:26.36

2.Медлин Дирадо (САД) 4:31.15

3.Миреја Белмонте Гарсија (Шпа) 4:32.39

4х100 МЕТРИ СЛОБОДНО (Ж)

1.Австралија 3:30.65

2.САД 3:31.89

3.Канада 3:32.89

400 МЕТРИ СЛОБОДНО (М)

1.Мек Хортон (Авс) 3:41.55

2.Сун Јанг (Кин) 3:41.68

3.Габриеле Детри (Ита) 3:43.49

400 МЕТРИ МЕШАНО (М)

1.Косуке Хагино (Јап) 4:06.05

2.Чејс Кализ (САД) 4:06.75

3.Даија Сето (Јап) 4:09.71

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top