Шест тима на Армијата на Република Македонија во моментот се ангажирани во Стајковци каде пружаат помош во санирање на псоледиците од поплавите кои попладнево го зафатија скопскиот регион, објави „Курир“.
-Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора преку Булачани дојде огромна количина на вода и избиена е целата во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково. Тука се и од војската и полицијата, противпожарната единица приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме се што се може. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот – изјави градоначалникот Коце Трајановски кој вечерва беше во Ченто.
Според информациите, хеликоптер е во приправност да дејствува од 05:30 часот изутрина по видно време. Тим за извидување се наоѓа на правецот кон Шипковица за помош во наредниот период.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е моментално во скопско Сингелиќ, каде има багери и градежна механизација. На терен се единици на Единица за брзо распоредување и на АРМ. Се евакуираат луѓе од поплавените куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.