| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија направи изненадување и ја декласираше Франција на стартот на кошаркарскиот турнир

avstralija

Кошаркарската репрезентација на Австралија на извонреден начин го почна настапот на Олимписките игри во Рио, со убедлива победа против Франција од 87-66, отворајќи го кошаркарскиот турнир во Бразил.

Австралијците во првиот натпревар на кошаркарскиот турнир, и прв во Групата А, лесно стигнаа до победата против Тони Паркер и компанија, јасно ставајќи до знаење дека во Рио де Жанеиро се пристигнати и по медал.

Уште во првата четвртина која ја добија со 20-14 јасно го најавија триумфот, кој дефинитивно беше обезбеден преку одличната игра во второто полувреме.

Најдобри поединци во составот на Австралија беа Пети Мајлс со 21 поен и пет асистенции, додека Ендрју Богут мечот го заврши со 18 поени. Кај Французите најдобар беше Тони Паркер со 18 поени, додека Нандо Де Коло мечот го заврши со скромни шест поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top