Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја.
Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања, се вели во соопштението од град Скопје.
Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот, додаваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


