| четврток, 6 декември 2018 |

Одлична престава на вардарки во воедните мечеви од ОИ во Рио

brazil

Паралелно со голем број спортови започна и турнирот во ракомет во женска конкуренција. Екипите на Вардар на Олимписките игри има играчи и во машка и женска конкуренцијата.

Денеска натпреварувањето го започнаа Амандин Лејно и новата аквицизија на ЖРК Вардар десниот бек Лакарбер. Франција славеше над Холандија на стартот од Олимписките Игри со 14-18.
Во одлично светло се претстави Амандин Лејно со осум одбрани во првото полувреме кога нејзината репрезентација се одлепи на четири гола. Лејно во продолжението од мечот сосека заслужено беше повлечена од игра. Во вториот дел Холанѓанките за момент стигнаа до нерешено (12-12), но триколорките повторно одиграа одлична одбрана и стигнаа до посакуваниот триумф.

Поранешната вардарка Алисон Пино постигна пет гола исто колку и Лакрабер.но новиот десен бек на ЖРК Вардар сите погодоци ги постигна од линијата за седум метри (5/7).

Претходно, селекцијата на Бразил одигра извонреден меч совладувајќи го светскиот првак Норвешка со 31-28. Бразилките беа подобри речиси во целиот натпревар, а решавачки се покажа стартот од второто полувреме, кога „кариоките“ со серија од 6-1 си создадоа огромна предност што Норвежанките до крајот успеаја само да ја ублажат, за конечната разлика да изнесува три гола. Ана Бело со 12 гола беше најефикасна кај Бразил, Аморим постигна четири гола, додека новата голманка на Вардар, Мајса Песоа, бранеше 34 минути и имаше шест успешни интервенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top