Ова попладне скопскиот региион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје) објави „Метеопро“.
Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекидно врне веќе околу 1 час. Природата на ова невреме е таква што облачните ќелии се обновуваат една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на ова невреме.
На сликите подолу можете да го видите следот на настани, следено преку радарите на РХМЗС, како и преку сателитските снимки од Еуметсат/Сат24.
Реално е да се очекува дека локално има и врнежи од град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


